Спасовски лаже како Заев: Министерот на внатрешни работи морал да биде независен експерт!?

Спасовски слично како и лидерот на СДСМ, Зоран Заев е фатен во лага. Паднаа во вода тврдењата дека новите министри ќе бидат независни професионалци,а  наместо тоа министерските фотелји ќе му припаднат на партиското раководство на најголемата опозициска партија во земјава.

Спасовски во неколку наврати тврдеше дека министерот за внатрешни работи морал да биде независен експерт, а тој како Генерален секретар на СДСМ стана министер.

Пред само една недела, генералниот секретар на СДСМ кој сега е предложен да застане на чело на Министерството за внатрешни работи тврдеше дека Законот за влада не е усогласен, затоа што, како што рече, Владата стравувала од изборот на независни министри.

Не е усогласен законот за влада заради тоа што уште еднаш покажуваат страв од избор на независен министер за внатрешни равботи како и избор на дополнителни заменици министри и министер за труд и социјала, рече тогаш Спасовски.


Пред само четири дена во интервју за Телевизија Плус, Спасовски тврдеше дека новиот министер за внатрешни работи треба да биде експерт од струката.

Министерот за внатрешни работи треба да биде експерт, личност која што е од струката и која што ќе има доверба од политичките субјекти и тоа е она околу кое и ние сме согласни и тука нема дилема, за тоа прашање, рече Спасовски.


Само неколку дена подоцна, односно по синоќешната лидерска средба на која беше финализиран Договорот од Пржино, македонската јавност стана уште еднаш сведок на лагите на СДСМ и Заев. Наместо ветените независни експерти и професионалци, на министерските фотелји седнаа членови на партиското раководство на СДСМ. По завршувањето на средбата лидерот на СДСМ, Заев излезе со следната изјава:

Барав согласност од ВМРО – ДПМНЕ и од ДУИ, согласноста ја добивме, нов министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ, рече Заев.


Со ова СДСМ уште еднаш се фатија во лага. Ветуваа професионалци и независни експерти, а наместо тоа, на новите функции ќе застанат генералниот секретар на партијата и двајца потпретседатели.

Овие одлуки предизвикаа големо разочарување и револт кај поддржувачите и припадниците на СДСМ. Повеќе за ова на следниот линк.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.