Спасовски му подготвува кривична на Бачев

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски најави кривична пријава против лидерот на партијата „Единствена Македонија“, Јанко Бачев кој се качи на полициски хермелин за време на протестите во недела.
Спасовски во емисијата „Уреднички брифинг“ на 1ТВ рече дека никој кој нападнал полицаец или витална институција нема да биде амнестиран туку ќе биде приведен.

Приведовме 26 лица од кои 12 се идентификувани во масата. Материјалите се предадени во јавно обвинителство, денеска цел ден колегите работеа на снимнките и сите кои ке бидат идентификувани ќе бидат приведени и предадени на јавното обвинителство. Го гледавте и лидерот на политичка партија „Единствена Македонија“ како се качува на хермелин, тоа е директно попречување на службено лице во вршење на службена должност. Никој нема да биде амнестиран, и за него се чека постапката, и се чека реакција од јавното обвинителство. Секој еден кој направил вандализми е приведен или ќе биде приведен. Нас не не интересира дали е член на политичка партија или на навивачка група.Сите луѓе кои учествуваат на протести мора да го знаат тоа, рече Спасовски.