Спасовски: Нема ништо контроверзно во изборот на Шакири

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, смета дека нема ништо контроверзно Џезаир Шакири – Командант Хоџа, да му биде советник за безбедност на премиерот Заев.

Вели дека од 2002 година многу контроверзни имиња ја воделе Македонија. Според Спасовски, ако некој сака да знае какви чувствителни информации ќе му бидат достапни на Шакири, треба да се обрати во Владата.

Ако погледнеме подлабоко, многу контроверзни имиња ја водат Македонија и учествуваат во општествениот и политички живот од 2002 година до денес…. Не гледам причина зошто да не го оценуваме позитивно секое приклучување на луѓе кои сакаат да работат во Македонија. Би бил загрижен доколку има луѓе кои не сакаат да се приклучуваат на системот на Македонија, кои излегуваат надвор од институциите…За тоа што ќе му биде достапно на советникот ќе барате информација од Владата на Македонија“, вели министерот за внатрешни работи, Спасовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.