Политика

Спасовски: Повисоки плати за наставниците, темелни реформи за квалитетна настава

Спасовски: Повисоки плати за наставниците, темелни реформи за квалитетна настава

Патриотизам не е иселување од државата. Патриотизам не е пљачка на народот. Патриотизам е тоа што ќе го направиш за граѓаните, колку услови ќе им создадеш за живот овде во државата. Патриотизам е дали ќе ја развиваш Република Македонија подеднакво и секаде или тоа ќе го правиш само во центарот на Скопје преку глупав проект Скопје 2014 кој значи само земање на проценти во џебовите на Груевски, Мијалков и на владејачките партии, истакна синоќа во Куманово, Оливер СПасовски, носител на кандидатска листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ2.

Во образованието мораме да направиме темелни и сериозни реформи за да го вратиме достоинството на просветните работници. Да им ги зголемиме платите за да бидат мотивирани за да им пренесуваат знаење на учениците. Да не ги правиме административни работници како што се сега, да пишуваат по дневници и рпограми, а малку да посветуваат внимание на просветниот процес. На Македонија и се потребни вистински образовани и квалитетни кадри.

Ние од СДСМ не ја прифаќаме реформата со која може да се купуваат димпломи во трафика како што е сега случај, таа реформа ја уништува Република Македонија. Не прифаќаме толку многу часови за децата во училиштата. Најавуваме, намалување на бројот на часови и предмети кои ќе се изучуваат, бидејќи само на таков начин ќе се подигне квалитетот на образованието. Квалитетот на образованието не значи печатење на книги по Кембриџ, сегашното печатење заради семање на проценти и ставање на пари во приватни џебови.

Да ја спречиме пљачката во Република Македонија. Да го спречиме егзододусот со иселување на граѓаните од Македонија. Да се избориме за младите во Македонија затоа што тие се нашата иднина. Сега е моментот кога вреди да се бориме за секој глас во Македонија. Ова не е битка на двајца лидери и ова не е битка на две коалиции, посочи Спасовки