сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 5

Спасовски: Ќе примиме толку бегалци колку што ќе примат земјите од западно-балканската рута

Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот на проблемот, и да се создадат услови во државите од каде што потекнуваат бегалците, за да можат таму да остануваат, истакна тој.

Спасовски: Ќе примиме толку бегалци колку што ќе примат земјите од западно-балканската рута

Спасовски: Ќе примиме толку бегалци колку што ќе примат земјите од западно-балканската рута

Последни вести

 

 

Сакам да им оддадам признание на македонските полицајците, на чешките полицајци и на сите други полицајци коишто се на јужната граница на Република Македонија, коишто премногу помагаат во овој период заради тоа што навистина состојбата со бегалската криза добива на интензитет, истакна техничкиот министер на МВР, Оливер Спасовски, при денешната посета на прифатниот центар во Гевгелија, заедно со чешкиот министер за внатрешни работи.

Очекуваме дека ќе има мудра и соодведтна одлука на Европската Унија, на земјите членки на Европската Унија заради тоа што ние не можеме да бидеме решение сами по себе на овој проблем, заради тоа што не сме ниту извор на проблемот.

Проблемот со бегалската криза мора да се решава од изворот на проблемот, и да се создадат услови во државите од каде што потекнуваат бегалците, за да можат таму да остануваат. Секое друго решение коешто се бара на оваа рута не е решение.

Ние ќе можеме да примиме толку бегалци колку што ќе можат да примат земјите од западно-балканската рута, Србија, Хрватска и понатаму и во тој дел ќе се придржуваме на сите заклучоци коишто беа донесени на претходните состаноци, меѓутоа апелираме и сите држави подеднакво да се придржуваат кон овие заклучоци, истакна Спасовски.

 

Најчитани вести