Спасовски: Протестите да бидат ненасилни, полицијата е чувар на безбедноста

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска на прес-конференција апелираше на мирни и ненасилни протести, притоа потенцирајќи дека дека граѓаните треба полицијата да ја третираат како чувар на нивната безбедност.

Секој има право мирно, демократски да го изрази своето видување, својот револт, своето незадоволство и тоа не е воопшто спорно. Меѓутоа, тоа треба да биде ненасилно, мора да биде мирно, како што наликува на демократски свет. И во таа насока, навистина апелирам да нема насилство на протестите, да нема состојби на уништување на имот, државен или приватен, да нема напад врз полицијата, заради тоа што полицијата е тука да ја зачува безбедноста и стабилноста и навистина апелирам до граѓаните на Република Македонија да ја третираат полицијата на Република Македонија како партнер, како чувар на нивната безбедност. Само така можеме да си помогнеме сите заеднички. Нормално е дека полицијата мора да постапува согласно стандардните процедури, не смее да има прекумерна употреба на сила и во тој правец и сега разговаравме навистина, колку е можно, сите кои присуствуваат да бидат заштитени и на еден начин се одржува редот на овие протести, рече Спасовски.