среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 0

Спасовски се сретна со Генералниот директор за безбедност во Светскиот еврејски конгрес

Вчера во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски се одржа средба со Омри Сигелман, Генерален Директор за безбедност во Светскиот еврејски конгрес.

spasovski-oliver-640x430

Поврзани вести

Вчера во Кабинетот на Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски се одржа средба со Омри Сигелман, Генерален Директор за безбедност во Светскиот еврејски конгрес.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на Спасовски, се разговараше околу неколку точки од интерес за безбедноста на Република Македонија, еврејската заедница во Република Македонија, регионалните земји и светот. Исто така се зборуваше за заканите кои доаѓаат со интензивирањето на бегалската криза, односно заканите од радикализирани групи кои преставуваат опасност за сите земји во светот.

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спавовски ја искажа важноста за стабилизирање на политичката состојба во Република Македонија.

Oд страна на Омри Сигелман се искажа благодарност за добриот однос на МВР на РМ кон еврејската заедница во Република Македонија и за одличната соработка со истата. Министерот за внатрешни работи на Република Македонија г-дин Оливер Спасовски посочи дека тоа е и работа на полицијата во Република Македонија и дека сите граѓани имаат еднаков третман.

Најчитани вести