Спасовски се вади за случајот со апсењето на Темелко, топката ја префрла на СЈО

Се што е преземено, е преземено врз основа на наредба на Специјалното јавно обвинителство, одговори денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на новинарско прашање за случајот со приведување на градоначланикот на Пустец, Едмонд Темелко.

Министерот за внатрешни работи беше прашан дали е вистина дека немало налог за приведување на Едмон Темелко.

Во својот одговор, министерот Спасовски истакна дека активностите кои се спроведуваат во однос на оперативната акција „Титаник“ ги води Специјалното јавно обвинителство и е постапено по нивна наредба.

На прашање зошто е приведен Темелко, а не и останатите осомничени, Спасовски повторно во својот одговорот упати на СЈО бидејќи, посочи, тие ја водат оперативната акција.