вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 72

Спасовски со двојни аршини: За вандализам и узурпација пасивна полиција, за мирен собир специјални сили (ВИДЕО)

И додека полицајците по наредба на техничкиот министер Оливер Спасовски вчера немо ги гледаа демонстрантите Албанци во Бутел како узурпираат простор, прават хаос и палат, денеска со полна опрема специјалните полициски сили ги потиснуваат Македонците од оваа општина кои се собраа мирно да го искажат револтот против узурпацијата на просторот и беззаконието, пишува „Курир“.

protsti-butel-640x366

Поврзани вести

Порталот наведува дека очигледно техничкиот министер за внатрешни работи има различен пристап кон граѓаните, кои пак се еднакви пред законите.

Жителите на општина Бутел денес се собраа на мирен начин да го искажат незадоволството од узурпацијата на просторот каде треба да биде изграден крст, но како што велат дел од нив, и поради фактот дека не се чувствуваат безбедно заради агресивноста на демонстрантите против која не се презема ништо. Загрижените граѓани на мирниот собир се соочија со присуство на голем број на специјалните полициски сили кои ги потиснуваат со полна опрема на себе, пишува „Курир“.

Денес на терен присуствуваа специјалните полициски сили, а на вчерашните демонстрации во Бутел полицијата само немо набљудуваше и по наредба на Спасовски ги остави демонстрантите да прават хаос, закопуваат темели, да кршат огради и да палат.

Иако агресивни, албанските екстремисти вчера ги обезбедуваше само обична униформирана полиција, специјалците беа оддалечени, а кратко потоа беа оставени да прават што сакаат без никакво присуство на безбедносните сили.

Дополнителна потврда дека Спасовски го штити беззаконието и хаосот е што Министерството за внатрешни работи со кое тој раководи нема поднесено ниту една пријава за вчерашните протести.

Најчитани вести