Спасовски: Со работната група на БЕСА разговаравме за принципи, не за поделба на ресори

Генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски во саботата информираше дека претставниците на неговата партија имале разговори со работната група на БЕСА, откако Централното претседателство на Движењето БЕСА одржа седница, на која се дискутираше за основните начела на заедничкото владеење со СДСМ.

„На ова средба е формирана и посебна комисија, која од денеска ги започнува официјалните преговори со новиот мандатар. Координатор на оваа комисија е избран д-р Арбен Лабеништи, потпретседателот на Движењето БЕСА. Во духот на ветувањето за транспарентност со албанскиот гласач, Централното претседателство на БЕСА го информира членството, но и јавноста, дека останува посветена на својата изборна програма, со која ја освои довербата на Албанците во Македонија на изборите од 11 декември 2016 година“, соопштија претходно движењето БЕСА.

„Преговорите продолжуваат и во наредните денови. Начелно, разговаравме за принципите на кои треба да биде формирана идната реформска Влада. Принципите во однос на тоа кои луѓе, какви кадри се потребни за да имаме реформи, меѓутоа, тоа е на принципиелни основи и очекуваме дека во наредниот период ќе отвориме малку повеќе детали околу составот на идната влада, се со цел да постигнеме договор и со БЕСА и со другите политички субјекти кои се дел, односно треба да бидат дел од новото парламентарно мнозинство“, изјави пред новинарите подоцна во саботата генералниот секредат на СДСМ, Оливер Спасовски.

На прашањето кога ќе биде соопштена одлуката за поделба на ресорите, со оглед на тоа дека до вторник се очекувае да биде поднесен предлогот за влада до Собрание, Спасовски рече дека одлуката за поделба на ресори и за кадровски решенија ќе ја соопштат во моментот кога ќе ја имаат.

„Сега разговаравме за принципите, не разговаравме воопшто ниту за поделба на ресори, ниту за други детали кои треба да ги имаме утврдено при праќање на предлогот, така што како за првична средба можам да оценам дека е позитивна, но ќе треба да продолжиме уште многу да работиме“, одговрои Спасовски на прашањето дали бараат од БЕСА министерско место?

За условите на БЕСА, пак, генералниот секрета на СДСМ реќе дека  „Не разговараме за условување на едните и другите, разговараме за принципи. За нас како Социјалдемократски сојуз е важно да има принципи на основа на кои ќе биде формирана идната реформска Влада, а не на основа на условување меѓу партнерите, бидејќи тоа не е добар начин на комуникација“.
Спасовки, покраја тоа рече дека кога ќе завршат преговорите, без да прецизира кога тоа може да се очекува,  ќе биде познато дали БЕСА ќе биде дела од владата којашто ја планира СДСМ.

Социјалдемократите во саботата биле ангажирани на внатрепартиски консултации, така што најверојатно од недела очекуваат да продолжат со разговорите со сите партии од идната владина коалиција.

„Ако сметате дека во сите партии е и Алијансата, да“, дговори на прашањата генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски на прашањето дали неговата партија ќе има средби и Алијансата за Албанците.