петок, 2 декември 2016  |  Вести денес: 0

Спасовски спротивно на Законот прави кадровски рокади во МВР

Повторно кадровски смени во Министерството за внатрешни работи. 17 актуелни старешини во единицата Алфи биле заменети со 36 партиски кадри со двојни решенија. Кадрите кои техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги инсталирал во полициската единица Алфа, како што пренесоа дел од медиумите биле, партиски послушници со дебело полициско досие, меѓу кои имало и лица кои извршиле сериозни кривични дела.

спасовски

Поврзани вести

Заменик министерот за внатрешни работи Оливер Андонов вели дека техничкиот министер Спасовски повторно спротивно на Законот прави кадровски рокади во министерството. Андонов потенцира дека се работи за хоризонтални поместувања, кои според него би имале повеќе импликации врз групирањето во некои единици.

„Побарав од господинот Спасовски да ме информира за овие промени бидејќи согласно законот за Влада треба да бидам информиран за овие состојби и негови намери кои секако согласно оние 10 отсто дозволени поместувања по хоризонтала му се ставаат на располагање. Повторно е прекршена процедурата која вообичаено требаше да се запази и нема двојни потписи на тие решенија, ниту има утврдена состојба на времено траење на решенијата, односно по завршување на мојот и на мандатот на Спасовски, дека луѓето треба да се вратат на поранешните работни места. Како ќе се одвиваат работите понатаму ќе процениме во согласно со потребите во МВР и интересите на службата. Се работи за хоризонтални поместувања кој можам да кажам дека повеќе имаат импликации врз групирањето во некои единици и идните намери кои би можеле да бидат“, посочува во изјава за Нет Прес, заменик министерот за внатрешни работи.

Единицата Алфа, каде што се инсталирани овие кадри на Спасовски, е задолжена за прв одговор најчесто во уличен криминал, што го отвора прашањето колку се безбедни граѓани, ако по улиците, со полициски значки се шетаат лица кои имале проблеми со законот и вршеле кривични дела од областа на насилниот криминал.

Андонов вели дека вистински хаос владее во МВР и апелираше до техничкиот министер Спасовски да престане со кадровските преструктуирања. Според познавачите пак ова е само продолжување на бранот партизација која Спасовски ја врши во МВР.

Од Кабинетот на Спасовски со реакција дека распоредувањата се согласно законот на Влада.

„Рaспoредувaњaтa се вршaт врз oснoвa нa член 44 стaв 4 oд Зaкoнoт зa влaдa, кaде е утврденo декa министерoт зa внaтрешни рaбoти мoже дa изврши и хoризoнтaлни рaспoредувaњa нa врaбoтените кoи се нa негoв предлoг вo брoјкaтa дo 10 прoценти oд брoјoт нa хoризoнтaлни рaспoредувaњa бaзирaни нa прoсекoт нa oвие рaспoредувaњa вo 2013 и 2014 гoдинa. Министерoт гo искoристи прaвoтo штo му гo дaвa зaкoнoдaвецoт и пoследниве некoлку денa изврши хoризoнтaлни рaспoредувaњa, при штo се уште не е пoстигнaтa брoјкaтa oд 10 прoценти кoјa е предвиденa сo зaкoнoт“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Пред неполн месец техничкиот министер за внатрешни работи Спасовски изврши смена на и на 11 началници во МВР, меќу кои началниците на одделите за организиран криминал и прикриени операции, како и 7 началници на регионалните сектори за внатрешни работи.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Андонов уште тогаш го обвини Спасовски за непочитување на Уставот и Законот и потенцираше дека ова го праве за негов личен интерес и интерес на неговата партија.

„Со бесправното и еднострано потпишување на решенијата за распоредување на раководни позиции на 11 лица вработени во МВР, Спасовски на најдобар начин покажа дека за него не постои Устав и Закон, туку само негов личен интерес и интерес на неговата партија, што е во директна спротивност со законот за преодна Влада за спроведување на избори. Со извршените противзаконски именувања, Спасовски се стави над законот и го доведе во прашање целокупниот систем на организација и работа во МВР. Заобиколувајќи ги на криминален начин правилата, процедурите и критериумите за распоредување, Спасовски си дозволи да унапредува лица за 3-4, па се до 12 скалила во хиерархиската поставеност, што е акт без преседан и кој нема ама баш никакви допирни точки со Закон за внатрешни работи, подзаконските акти на МВР и колективниот договор“, рече Андонов.

Андонов вели дека со ваквото дејствување станува јасна намерата на Спасовски да раководи незаконски, непрофесионално и самоволно, вршејќи притисоци и закани за сите оние кои не мислат како него.

„Нема да дозволам МВР да се претвори во партиски штаб и место на кое Спасовски брутално го погазува и руши дигнитетот на министерството. Ќе ги искористам сите правни средства за запирање и санкционирање на ова досега невидено самоволие на Спасовски и ќе придонесам кон враќање на владеењето на правото во МВР, како еден од основните столбови на државата“, подвлече Андонов на прес конференцијата по поставувањето на новите 11 началници на различни сектори во МВР.

Минситерот Спасов тогаш изјави дека само го искористил правото според договорот од Пржино и направил 11 кадровски промени во МВР со цел да се организираат кредибилни и фер избори во декември.

Најчитани вести