Спасовски штом седна на столчето, веднаш ги приграби и овластувањата за набавки

Спасовски штом седна на столчето, веднаш ги приграби и овластувањата за набавки
Спасовски штом седна на столчето, веднаш ги приграби и овластувањата за набавки

Последната телеграма на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски комплетно го блокираше Министерството. Со одлуката, Спасовски ги приграби и овластувањата за набавки.

Со телеграмата испратена вечерва, Спасовски одзема ингеренции и за обични одлуки и веднаш ги зграби набавките. Извори од МВР велат дека одлуката на Спасовски е незаконска и многу штетна.

Според нив, таа може да биде сфатена и како повик од некои криминално-терористички структури бидејќи го става безбедносниот систем во ранлива позиција.  За ситуацијата да биде уште полоша, говори податокот дека полицијата не може да приведе ниту едно осомничено лице без одобрение на министерот.

Кадри кои со години работат во Министерството за внатрешни работи велат дека вакво нешто никогаш не се случило во полицијата. Според нив, со ова се покажува дека Спасовски воопшто нема познавања во областа на безбедноста и полициското работење што може да нанесе огромна штета на граѓаните на Македонија.

Со ова одлука Спасовски практично ја развласти целата полиција и ја претвори во приватна полиција која ќе дејствува само по негова наредба. Од вечерва, полицајците кои апсеа дилери, педофили и убијци веќе немаат овластувања.

Спасовски преку телеграма вечерва им ги одзема овластувањата на сите вработени во полицијата. Вработените, коментираат извори од МВР, се збунети од самоволието и ароганцијата на техничкиот министер.