Македонија

Спасовски: Субвенции да има секогаш, а не само пред избори

Спасовски: Субвенции да има секогаш, а не само пред избори

Посакувам навистина да имаме нормална власт којашто ќе овозможи да има субвенции секогаш, а не само пред избори, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски денеска во Кавадарци.

„И да им исплаќаат редовно за да може да живеат нормално со нивните семејства. И сакам навистина она што го говорам во Собранието, заменик министерот за земјоделие и премиерот Груевски да го кажат и пред граѓаните. Во Собранието кажуваат дека нема дополнителни два денара по килограм за земјоделците. Мислам дека треба и денеска да излезат на лозарниот ден и да го соопштат тоа на секој лозар. Меѓутоа, нека му дава Господ здравје на секој земјоделец, навистина да направиме `се, да ги промениме работите во Македонија и да не зависи работата на секој земјоделец од власта. Власта да биде сервис што ќе помага на секој земјоделец во Република Македонија. Затоа сакам бериќетна година и подобри услови за работа на секој лозар и земјоделец“, изјави Спасовски.