вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Спасовски: Владата ги поттикнува функционерите и вработените во МВР да вршат кривични дела

Владата, за мене од неразјаснети причини, не ја испочитува мојата јасно изразена воља преку оставката која ја поднесов на 6.04.2016 година од функцијата министер за внатрешни работи и истата не ја достави до Собранието .

Спасовски: Владата ги поттикнува функционерите и вработените во МВР да вршат кривични дела

Спасовски: Владата ги поттикнува функционерите и вработените во МВР да вршат кривични дела

Последни вести

Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска излезе со соопштение до јавноста дека е оневозможен од страна на Владата на Република Македонија да раководам со Министерството за внатрешни работи, во овие исклучително тешки моменти за државата.

Ви го пренесуваме интегрално соопштението:

Владата создаде услови за извршување на пуч во МВР.

Владата,  за мене од неразјаснети причини, не ја испочитува мојата јасно изразена воља  преку оставката која ја поднесов на  6.04.2016 година од функцијата министер  за внатрешни работи и истата не ја достави до Собранието .

Од друга страна , Владата на два пати ги поништи Решенијата и Правилниците донесени од моја страна. Со тоа  органот кој треба да биде чуварот  на Уставот и законите во Република Македонија, со своите незаконски одлуки тотално го дерогираше правниот систем и направи целосен хаос во функционирањето на министертвото за внатрешни работи.

И покрај моите укажувања, предупредувања и наредби  доставени до директорите на органите во состав на Министертвото за внатрешни работи и сите вработени во министерството да ги почитуваат законите и хиерархијата во министерството, Владата  со последната Одлука донесена во ноќта пред распуштањето на Парламентот, го зададе завршниот удар на правниот систем на Република Македонија и на нормалното функционирање на МВР.

Замислете, Владата  му забрани министерот за внатрешни работи да потпишува документи, а со тоа и да раководи со органот. Не постои држава во светот каде што е позната ваква небулозна наредба издадена од највисокиот извршен орган на земјата.

Освен што ми забрани да ги извршувам своите со Закон утврдени надлежности, Владата ги поттикна останатите функционери во министерството  да ги спроведат нејзините незаконски одлуки и  да вршат кривични дела, за кои ќе одговараат. Последниве два дена директорите на УБК и државниот секретар на МВР надвор од законските  надлежности, издаваат  усни наредби  на потчинетите , за одземање на канцелариите, менување на бравите , исклучување на картиците на дел од вработените чии решенија Владата незаконски ги поништи. Со овој чин фактички и директорот на УБК и државниот секретар , од своја страна ги потикнуваат вработените да извршуваат кривични дела, преку реализирање на овие оперативни задачи, за кои се одговара според Кривичниот законик.

Според информациите кои ги имам, Државниот секретар ја презема улогата да раководи со МВР. Сигурно Ви е јасно дека со тоа се  создава безвластие и комплетен хаос во Министерството за внатрешни работи.

Јас сум министер за внатрешни работи и не прифаќам никакви палијативни решенија и комбинации на заедничко раководење со министерството, па според тоа не прифаќам ни наметната одговорност за надлежности кои свесно ми се одземени.

Најчитани вести