Спасовски до вработените во МВР: Кривична за секој кој ќе ја почитува одлуката на Владата

Кривична пријава ќе заработи секој вработен во МВР што ќе ја почитува одлуката на Владата, вели техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за Дојче веле, пренесува Република.

Тој оценува дека одлуката на Владата е незаконска, ништовна и невозможна и дека ќе предизвика хаос, а и несигурност кај граѓаните.

Кривични пријави доколку не се почитува одлуката на Владата најави и дополнителниот министер за полиција, Митко Чавков. Чавков исто така побара од Владата да му наложи на Спасовски да не смее да направи ниедна кадровска смена доколку нема потпис и од него.

И Ременски смета дека не само што Владата нема ингеренции да оспорува решенија на министри.

Официјално, на полноќна седница во четвртокот Владата повторно ги поништи сите решенија во периодот од ноември до април годинава на двајцата министри кои добија место во преодниот кабинет на Емил Димитриев со Договорот од Пржино. Владата се повикува на образложението дека за одлуките на министрите нема потпис од дополнителните заменици.