Спасовски: За 111 отсто зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“

Генерално, во Македонија криминалитетот има стапка на опаѓање на криминалатитетот, но за 111 отсто е забележано зголемување на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, изјави во четвтокот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кога го посети Прилеп каде безбедносната состојба ја оцени како стабилна.

Стабилна е безбедносната состојба во Прилеп и во регионот. Имаме опаѓање на криминалитетот и на целата територија на државава, што значи ефикасни се оперативните дејства на полицијата, но евидентно е зголемувањето, за 111 проценти на кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ на целата територија на Македонија. За тоа треба да се замислат сите функционери во државава. Тоа не смееме да го дозволиме бидејќи станува збор за средства на граѓаните. И самите знаете дека Прилеп е еден од градовите во кој оперираат групи, и не само во него, туку и во Македонија и на пошироките балкански простори и за тоа имаме посебен пристап. Но, генерално, има опаѓање на сите видови криминалитет. Сакаме да бидеме транспарентни. Мораме да ги јакнеме капацитетите на МВР, технички и човечки, се со единствена цел, граѓаните да бидат безбедни, изјави Спасовски.

Според Спасовски, во МВР се размислува и се прават анализи, Полициската станица во Прилеп да прерасне во Сектор за внатрешни работи.