Спасувачите ја пронајдоа опашката на авионот на „Ер Азија“

Индонезиските екипи, кои трагаат по остатоците на авионот на „Ер Азија“, кој се урна на 28 декември во Јаванското Море, ја пронајдоа опашката на леталото на морското дно, изјави шефот на операцијата, Францискус Бамбанг Соелисто.

Во овој дел од авионот се наоѓаат црните кутии, од кои треба да се открие причината за несреќата во која загинаа 162 патника и членови на екипажот.

Досега се пронајдени пет делови од леталото во близина на брегот на Борнео, каде се урна Ербасот А0-200 по само 40 минути од полетувањето од вториот по големина индонезиски град Сурабија кон Сингапур.