Спасувањето на Џакарта чини 40 милијарди долари

Предложениот план за спасување на Џакарта предвидува проект кој ќе трае 30 години и ќе чини неверојатни 40 милијарди долари.

За целиот тој случај е важно да се напомене дека проблем не е само зголемување на нивото на морето, туку и несовесната политика на градските власти кои со децении црпат вода од подземните бунати и оставаат огромни празни резервоари под градот кои попушаат под градбите.

Ситуацијата е дотуркана до тој степен што сега луѓето се во опасност, а поплавите кои ја погодија Индонезија во 2007 година оставиле повеќе од пола милион жители без покрив над главата.

Амбициозниот план за спасување на претстолнината, најблаго речено, е екстремен. Освен тоа што ќе трае 30 години и ќе чини најмалку 40 милијарди долари, ќе бидат изградени 17 нови острови, како и пет километри долг ѕид за огромен резервоар за контролирање на нивото на водата.

Dzakarta, foto 2

Проектот е наречен „Голема Гардуа“, бидејќи островите ќе бидат поставени за од птичја перспектива потсетува на митолошкото суштество Гардуа кој е национален симбол, а по него ќе биде и наречена и новата национална авио-компанија.

Позади неверојатно амбициозниот инфраструктурен потфат стојат Холанѓани. Индонезиските власти од самиот почеток побарале помош од холандските експерти, кои го осмислиле целиот систем со огромни насипи, канали и брани, слично како што е и во Холандија која го има истиот проблем.

Обликот на островите и нивното поставување е идеја на холандската фирма „Куипер компањонс“, која соработува со огромен број на градови кои имаат слични проблеми. Разработувањето и планирањето на целиот проект го води холандската компанија „Витевен и Бос“.

Воопшто не е чудно што Холан ѓаните се повикани да помогнат во овој потфат, имајќи во предвид дека со векови се борат против поплавите.

Dzakarta, foto 3

Колку овој проект ќе биде најдобар го сведочи и фактот дека изградбата на 17 вештачки острови ќе биде еден од најголемите хидраулични инженерски проекти во светот. Островите треба да бидат град и изградба на заштитен резервоар.

Градењето ќе трае со децении, а градежната фирма соопштува дека за изградбата ќе биде потребна толку многу земја што е голем проблем како да се набави. Фирмата наведува дека во моментов во светот нема толку сплавови колку што нив им се потребни.