СПЦ ќе го тужи архиепископот Стефан

Светиот Синод на СПЦ денеска одлучи да поведе црковно-судска постапка против архиепископот Стефан, поглаварот на „Македонската Православна Црква“.

Во одлуката на Синодот на СПЦ меѓу другото се вели:

„Постапката е и поради упорното останување во раскол, нехристијанското учество во прогонот на Архиепископот Јован, канонскиот поглавар на автономната Охридска Архиепископија, и неговото свештенство, монаштво и верен народ, како и заради низа други антиканонски активности“ се вели во известувањето за јавноста од СПЦ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.