СПЦ заработува по 140 милиони евра годишно

Во 40 епархии на Српската православна црква (СПЦ) годишно се собираат околу 140 милиони евра, пишува српскиот весник „Блиц“.

Според информациите, во време на кризата епархиите на СПЦ биле едни од најголемите инвеститори, а парите се вложувале во хотели, винарии, земјоделско производство, бидејќи државата на сите нивни приходи од продажба на свеќи, верски обреди и издавање на простор, не им наплаќа данок.

– Само од продажба на свеќи и верски обреди една епархија може да заработи и до пет милиони евра годишно. Тука треба да се додаде и бизнисот кој повеќето епархии го имаат развиено и од кој добро заработуваат. Во рамки на срковните комплекси се издаваат објекти, се дава земјиште под закуп, се отвораат стопански објекти, винарии. Само Захумско-херцеговската епархија во САД извезува околу 100.000 шишиња свое вино, објаснува соговорникот на „Блиц“.

Најголем дел од финансиите во СПЦ доаѓаат од донации особено од оние верници кои сметаат дека доколку донираат во црквата, нивните гревови ќе бидат простени.

„Блиц“ пишува и дека државата од буџетот го плаќа социјалното и здравствено осигурување на свештениците во СПЦ, за што оваа година ќе бидат издвоени девет милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.