Работните групи ќе разговараат за специјалниот јавен обвинител

Законските измени и точните ингеренции на специјалниот јавен обвинител. Ова е темата на која денес попладне ќе разговараат претставниците на четирите политички партии, на ниво на работни групи. На претставниците од Работната група денес ќе им се приклучи и посредникот Џејмс Хамилтон со кој, тие треба да се договорат не само за тоа кој ќе биде специјален јавен обвинител, туку и со какви надлежности и буџет ќе располага истиот.

Весникот „Вечер“ повикувајќи се на сопствени извори од преговорите пишува дека засега не се лицитира со имиња за можни кандидати за позицијата на специјалниот јавен обвинител, туку во главно се разговара околу законските измени, ингеренциите и обврските на новиот специјален обвинител, кој произлегува од протоколот на договорот од Пржино.

„Вечер“: Доколку не се договорат партиите, можно е специјалниот обвинител да биде странец?

Доколку не се договорат партиите, можно е специјалниот обвинител да биде странец?
Доколку не се договорат партиите, можно е специјалниот обвинител да биде странец?

Според дипломатски извори, меѓународните претставници ќе чекаат тимовите да предложат, но и да се согласат за кандидатот за оваа функција, но доколку не се постигне согласност, не се исклучува можноста специјалниот обвинител да биде странец. Во таков случај, тој експресно би добил македонско државјанство, пишува весникот „Вечер“.

За Јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое покрај општите услови треба да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вонреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.

Плата од 1.000 евра за специјалниот обвинител

Весникот понатаму нагласува дека специјалниот обвинител кој што ќе постапува по случаите „Прислушување“ и „Пуч“ ќе зема плата во износ 1.000 евра.

Добро упатени извори од обвинителство велат дека платата за него во секој случај нема да биде пониска од 850 евра, а парите ќе бидат издвоени од државната каса, пишува „Вечер“.

Покрај точните ингеренции и обврски на специјалниот јавен обвинител, тема на разговорите на денешната средба ќе биде и пакетот законски измени кои треба да овозможат тој да биде избран до 15 септември и да има целосна автономија да ја води истрагата околу разговорите кои произлегуваат од следењето на комуникациите.

Работната група деновиве разговараше за тоа под чија надлежност ќе биде избирачкиот список, како ќе се утврдува неговата веродостојност, за составот на ДИК и гласањето на дијаспората.

За Јавен обвинител на Република Македонија може да биде именувано лице кое покрај општите услови треба да има работно искуство од најмалку осум години со потврдени резултати на правни работи по положениот правосуден испит, или редовен или вонреден универзитетски професор кој предавал повеќе од десет години правен предмет од правосудната практика.