Македонија

Специјален обвинител треба да се избере според договореното, без одземање или додвање

Специјален обвинител треба да се избере според договореното, без одземање или додвање
Специјален обвинител треба да се избере според договореното, без одземање или додвање

Договорот на 2-ри јуни како и протоколот од 15-ти јули  мора целосно и дословно да се спроведат и да завршат со парламентарни избори на 24-ти април 2016-та, после кои никој нема да може да има алиби и да не ги признава изборите. Доста и е на Македонија од бојкоти и од политичари кои немаат доблест да излезат пред нивната партија и пред народот и да признаат пораз.

Ова денеска го истакна премиерот додавајќи дека реформите кои ги договориле мора да ги завршат на време и квалитетно. Државата со нив треба да се придвижи напред и да воведе повисоки стандарди во различни области.

Договорот за избор на специјален јавен обвинител треба да се реализира онака како што е договорен. Како е договорено и потпишано, така треба да се реализира, без додавање или одземање. Тој специјален обвинител треба да биде автономен и да има доволен број на стручни и технички соработници, истражители и целокупната потребна логистика од човечки ресурси, средства за покривање на трошоците и техничка логистика, во смисла, на канцеларии, возила, и слично. Тој не смее да биде на никаков начин попречуван во неговата работа, ниту пак под внатрешни или надворешни влијанија. Треба чесно да си ја изработи својата работа и да донесе непристрасни одлуки, истакна премиерот.