Специјална априлска понуда од „Близу“: Промотивен пакет „Делукс“

Сите нови корисници на телекомуникацискиот оператор „Близу“ кои ќе потпишат договор до 30-ти април го добиваат пролетниот промотивен пакет „Делукс“, во кој се вклучени сите три услуги на операторот.

Промотивниот пакет ги содржи сите 130 дигитални канали во кои бесплатно се содржат каналите со висока резолуција, спортските и филмските канали; Интернет со брзина од 10 Mpbs со неограничен трансфер и фиксна телефонија со вклучени 50 минути кон сите фиксни мрежи и неограничени бесплатни разговори во мрежата на „Близу“.

Пакетот е со цена од 999 денари месечно и е дополнет со бесплатен модул КА (уред за дигитална телевизија) и бесплатен модем.

Оваа ограничена понуда важи за сите нови корисници кои ќе потпишат договор на 24 месеци до 30 април оваа година.

 „На наше големо задоволство, го активиравме комплетниот пакет ’Делукс’со најдобрата комбинација на три услуги во едно, со  екслузивна цена од само 999 денари месечно. Во овој пакет се вклучени сите поволности кои нашите корисници може да ги добијат: дополнителни пакети со ТВ канали, неограничен интернет без никакви ограничувања и бесплатни минути вклучени во фиксната телефонија. На овој начин им посакуваме гоемо добредојде на новите членови на нашето корисничко семејство”, изјави Искра Секуловска, маркетинг- директор во „Близу“ .

Од операторот најавија зголемени промотивни активности во претстојниот пролетен период, кои истовремено ги опфаќаат како новите, така и постоечките корисници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.