Специјална ЕВН паралелка во средното училиште „Михајло Пупин”

ЕВН Македонија и средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ го отворија во втроникот посебниот кабинет во која ќе учи паралелката со 25 ученици, а која дел од проектот „20 – 20 – 20“ на компанијата.

Овој проект за дуално образование им овозможува на учениците практично учење во училиштето, во енергетиката компанија ЕВН и на терен, каде ќе бидат придружени од стручни работници на ЕВН.

По завршувањето на образованието ЕВН Македонија ќе им овозможи веднаш да се вработат во компанијата. И Министерството за образование и наука го поддржа проектот на ЕВН Македонија.

Она што нас ни треба е квалификувана работна сила и треба да ги научиме да станат такви. И ова треба да се случи на училиште. И кога ќе имаат стекнато искуство во училница може да излезат и на терен. После три години, како дел од проектот 20 – 20 – 20 ЕВН ќе ги вработи и ние ќе имаме квалификувана работна сила“, изјави Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.