Специјалната обвинителка Јанева избра 14 свои помошници

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска ги претстави своите 14 помошници – обвинители.

Станува збор за Обвинителот Фатмир Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Лиле Стефанова, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.

Обвинителите се познати во својата професионалност и го замолив Советот што поскоро да одлучи за нивниот избор за да може да почнеме со работа. Истражителите кои ќе бидат во мојот тим ќе бидат познати до крајниот рок како што е предвидено, односно 15 октомври – изјави Јанева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.