Специјалниот меѓу редови го најави трансферот на Диего Коста

Контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо откри дека клубот ќе се засили со неколку квалитетени засилувања за време на летниот преоден рок и дека приоритет ќе добие новиот напаѓач.

Англиските медиуми се убедени дека Челзи ќе излези како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер од редовите на шпанскиот прволигаш Атлетико (М), Диего Коста, а преговорите помеѓу двата клуба ќе бидат финализирани откако ќе биде договорено побараното обештетување од 40 мил. фунти.

„Ќе бидеме активни за време на летниот преоден рок, но ќе работиме многу, многу тивко. Точно дека сме во потрага по неколку квалитетени засилувања. Потребни се сериозни зафати кога е во прашање почетниот состав. Нов напаѓач? Да, ќе ангажираме нов напаѓач. Новиот напаѓач е приоритет за Челзи. Ја имаме потребната основа, имаме основа на која ќе ја градиме, надоградуваме нашата игра. Има тимови кои се во изградба неколку години”, изјави трофејниот португалски стручњак.