четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 31

Специјалниот претставник на СЕ за бегалци и мигранти ќе ги посети Македонија и Грција

begalci

Последни вести

Томаш Бочек, специјалниот претставник на Генералниот секретар на Советот на Европа за миграција и бегалци од 7-ми ди 11 март ќе ги посети Грција и Република Македонија, во неговата прва мисија на теренот, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

За време на посетата, Бочек, кој беше назначен на оваа функција на крајот од јануари, ќе ги посети „жешките точки” и прифатилиштата на бегалците и мигрантите во Грција и Македонија.

Според службата за печат на Советот на Европа, специјалниот претставник за миграција и бегалци, исто така, ќе се сретне со претставници на владата, локалните и независни органи и претставници на УНХЦР и невладини организации со цел да се соберат информации за состојбата на барателите на азил и други мигранти.

Тој притоа посебно ќе посвети внимание на прашањата во врска со барањето на азил и деца мигранти.

Најчитани вести