Спорт

Специјалниот среќен што Челзи е дел од елитата

Специјалниот среќен што Челзи е дел од елитата

Задоволство од заслужениот пласман во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони, демострираше и предводникот на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо.

Контроверзниот португалски стручњак потсети дека минатата сезона Челзи беше дел од Лигата на Европа, а сега е дел од елитното друштво кое е во игра за победничкиот пехар во најпрестижното клупско натпреварување.

„И Челзи е тука, и Челзи е дел од елитното друштво. Во споредба со изминатата сезона, кога бевме дел од Лигата на Европа, сега Челзи е на едно друго, повисоко ниво. Ова не мала работа, ова е голем чекор, од Лига на Европа во 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони. Знаеме колку е важна ЛШ за фудбалерите, колку е важна за клупските челници. Челзи со право е во друштво со најдобрите осум екипи од Европа. Не ни беше лесно на двата натпревара против Галатасарај. Во грешка се тие кои мислат дека обезбедивме лесен пласман, дека ова е рутинска победа. Галатасарај е голем клуб, тим составен од искусни фудбалери, но ние бевме на висина на задачата”, изјави Мурињо.