Спорт

Специјалниот типува на Англија

Специјалниот типува на Англија

Контроверзниот предводник на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жозе Мурињо е еден од ретките фудбалски стручњаци кои мислат дека Англија може да ја освои светската ктуна на престојниот Мундијал во Бразил.

„Англија? Сите изјавуваат не, не, не, не. Јас пак ќе изјавам зошто не? Не ми е јасно зошто Англија не може да биде светски шампион. Кога ќе ги погледнам репрезентативците на Англија и кога ќе видам за кои клубови играат, не можам да сфатам зошто Англија не може да слави на престојниот Мундијал во Бразил. Тие репрезентативци играат за своите клубови, играат во Лигата на шампиони и не ми е јасно зошто е невозможно? Знам дека ќе дојде и тој ден кога Англија ќе ја освои светската круна. Знам и дека на Италија и на Уругвај нема да им биде лесно кога ќе играат против Англија во Бразил, но после првиот пораз, сите ќе покажат со прст кон репрезентативците”, изјави трофејниот португалски стручњак.