Спектакуларен дочек во Загреб, Хрватска ги пречека своите херои како тие да се Светски шампиони

Хрватската фудбалска репрезентација имаше неверојатен пречек во Загреб, на плоштадот се собраа преку 200.000 луѓе да ги поздрават хероите кои го направија најголемиот успех во историјата на Хрватска освојувајќи го сребрениот медал на Светското првенство во Русија.

Хрватска направи успех кој беше тешко да се замисли пред да почне Светското првенство, играше во финалето на Мундијалот, не успеа да ја победи Франција, но „коцкестите“ освоија многу срца, особено на навивачите во нивната земја, за нив тие се вистинските шампиони.

Хероите денеска пристигнаа во Загреб, а нивниот дочек беше спектакуларен, како да го освоиле Светското првенство. Можат да им подзавидат и Французите кои немаа таков спектакл на Шанзелизе.

Фудбалерите пристигнаа на аеродромот во Загреб околу 14 часот, а од таму во автобус со отворен кров продефилираа до плоштадот, патуваа со часови и беа поздравувани од илијадници хрватски граѓани. Главниот настан беше на плоштадот каде имаше повеќе од 200.000 луѓе.