Спектакуларен концерт на македонската филхармонија по повод 70 години Стопанска банка

Пред голем број на свои вработени, високи владини претставници, менаџери на македонски компании и медиуми, вчера во Метрополис арената на скопски саем, Стопанска банка АД – Скопје на спектакуларен начин го одбележа својот јубилеј, 70 години од своето постоење.

За време на настанот преку видео проекција беа презентирани дел од позначајните активности на банката реализирани во изминатите години, а беа презентирани и резултатите од проектот „Подари насмевка”  со кој се собраа 1 милион насмевки од граѓаните, а Стопанска банка донираше во Детските здравствени домови низ земјава. Прославата продолжи со спектакуларен едночасовен концерт на Македонската филхармонија  кои свиреа филмска музика, а посебен музички гостин беше и Калиопи. Прославата продолжи  со коктел и концерт на Калиопи до доцните часови.

„Традицијата, собраното искуство и знаење, но и изградената доверба, создадени во текот на 70 годишната историја, се причина повеќе  Стопанка банка АД-Скопје денес да е перцепирана како сигурна, динамична, иновативна, банка препознатлива по своите современи банкарски производи и модерните филијали ориентирани кон потребите на своите клиенти. Пораката која Стопанска банка ја испраќа до пазарот денеска, е дека продолжува да биде лидер, иноватор и најдинамична Банка која не само што ги разбира туку и успева во рана фаза да ги открие потребите на клиентите со цел навремено да ги направи потребните инвестиции и промени во својот бизнис модел и постојано да биде чекор понапред во банкарскиот сектор“, изјави  Генералниот Извршен директор и Претседател на Управен одбор,  Диомидис Николетополус.

Стопанска банка е пионер во лансирањето на многу иновативни финансиски производи и услуги. Сакам да ја искористам оваа можност и да им се заблагодарам на целиот менаџерски тим и на сите вработени во Банката, кои придонесоа за овие достигнувања во текот на сите овие години. Денес, можам со гордост да изјавам дека Стопанска банка е скапоцен дел од нашата групација, која е една од најголемите и најсилните финансиски групации во Грција, со значајно присуство во Југоисточна Европа, Турција и источниот Медитеран, изјави Константинос Братос, председател на надзорен одбор на Стопанска банка.

„Стопанска банка е една од најдобрите банки во нашата групација, пример како луѓе од различни пазари, земји и култури можат успешно да соработуваат за бенефит на сите. Од денешна перспектива можеме да заклучиме дека одликата на НБГ да инвестира во стопанска банка беше вистинска стратегиска одлука. Континуирано инвестиравме во вработените, ИТ системот како и во зголемување на капиталот, за да Стопанска биде една од најдоверливите и препознатливи банкарски брендови во земјата. НБГ очекува да генерира вишок од приближно 2 билиони евра, според истражувањето на стрес тестот кој го реализира ЕБРД, така што сме оптимисти за иднината на нашата групација. Би се заблагодарил на вработените и менаџментот на Стопанска Банка, на нивните заложби и одличните резултати. Можам само да им ветам дека НБГ секогаш ќе биде на нивната страна“, изјави Маринос Стратопулос, генерален директор на сектор за меѓународни активности на НБГ.

Stratopoulos 1

stopanska stopanska6

Основана на Второто вонредно заседание на АСНОМ на 29.12.1944 година, Стопанска банка АД-Скопје претставува една од првите финасиски институции во земјата, која даде извонреден придонес во обновата на земјата и нејзината економска трансформација. Надминувајќи ги сите деловни предизвици,  Стопанска банка АД-Скопје континуирано бележи напредок и  усовршување на своето работење. Непосредно беше вклучена во проектите за изградба, обнова и модернизација на земјата, во развојот на инфраструктурата, енергетскиот комплекс, хидросистемите за наводнување, урбанизацијата и станбената изградба. Во својата долгогодишна историја, Стопанска  банка АД-Скопје претставуваше место каде се создаваа и едуцираа македонските банкарски кадри, место од каде потекнува поголемиот дел од денешниот банкарски менаџерски кадар. Стопанска банка А.Д. Скопје е прво акционерско друштво кое врз основа на дозвола од надлежниот орган врши јавна емисија на акции. Покрај обични има издадено и приоритетни акции. Таа е основач и членка на македонската берза.

 

На почетокот на новиот милениум, во април 2000-та година, започна новата ера во Стопанска банка АД-Скопје, банката е целосно приватизирана со учество на реномирани странски инвеститори. Со новите докапитализации, доминантно учество во управувачкиот капитал на банката имаат: Национална банка на Грција НБГ -73,04%, Меѓународна финансиска корпорација ИФЦ -10.8, Европска банка за обнова и развој ЕБРД -10.8%. Членството во моќната меѓународна банкарска групација НБГ-Националната банка на Грција, за Стопанска банка АД-Скопје значи поголема сигурност и стабилност во работата, можност за воведување на нови банкарски производи кои ги следат современите банкарски трендови, се со цел да се следи деловната политика на банката да биде поблиску до потребите и желбите на своите клиенти.

 

Стопанска банка АД-Скопје е секогаш чекор напред.

Со оглед на незадржливиот развој на електронската технологија и тенденциите за економска глобализација и за унапредување на своето работење Стопанска банка АД-Скопје е првата банка која воведе електронско банкарство со кое во голем дел допринесе во зголемувањето на ефикасноста и намалувањето на трошоците  во работата на своите клиенти.  Прва која отвори и-банк сторе каде сите алтернативни иновативни банкарски услуги се добиваат од едно место.

Која воведе новитети како унифицирана платформа со примена на ОТП, м-банкинг апликацијата а воведе и 3D Secure standard за Виза & Мастер картички.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.