Шпекулација е барањето за екстрадиција на Руси осомничени за нападот со „новичок“

Медиумските извештаи дека Велика Британија планира да побара од Русија да екстрадира двајца Руси осомничени за нападот со нервниот агенс „новичок“ во Солсбери не е ништо друго туку шпекулација, изјави портпаролот на британската министерство за надворешни работи за „Спутник“.

Ова се само шпекулации. Полициската истрага е во тек и сè во таа смисла мора да дојде од полицијата,рече портпаролот.

Руската амбасада во Британија, исто така, изјави за „Спутник” дека не добила официјално барање за екстрадиција.

Амбасадата не доби такво барање, ние не веруваме во лажни извештаи од медиумите, се вели во соопштението на Амбасадата.

Британскиот весник Гардијан претходно објави дека обвинителството изготвило барање за екстрадиција во случајот Солсбери и ќе биде доставено наскоро.

Велика Британија ја обвини Москва дека стои зад нападот со „новичок“ врз поранешниот руски двоен шпиун, Сергеј Скрипаљ, а во кој настрада уште три лица.