„Шпигел“: Германија смета дека Турција игра двојна игра

Германија нема веќе целосна доверба во Турција затоа што смета дека игра двојна игра во борбата против ИД – Исламска држава, поради што Берлин не сака да ги споделува разузнавачките податоци со Анкара, пишува германскиот весник „Шпигел“, пренесува „Танјуг“.

Бундестагот минатата недела одобри учество на германската војска во борбата против терористите во Сирија, што подразбира стационирање на извидувачки авиони од типот тонадо во НАТО базата Инџирлик во Турција.

Сепак, Берлин не и верува на Анкара и претпоставува дека Турција би можела тие податоци да ги искористи за гаѓање на курдските позиции, пишува гемрнакиот весник.

Воојната стража во Берлин разговараше за тоа како може да се спречи Турција да ги злоупотреби германските извидувачки податоци за на крај да биде донесена одлука нивното проследување да биде строго цензурирано.

Причината за тоа, како што се наведува е двојната игра на Турција во војната против Исламска Држава. Анкара се бори заедно со коалицијата против ИД со осум борбени авиони, но истовремено изведува воздушни напади против курдските сили што се партнери на САД кои во северниот дел на Ирак и Сирија се борат против џихадистите.

Очигледен е стравот на германските власти дека Турција со анализа на снимките на германските сили би можела да ги идентификува курдските цели што подоцна би можела да ги бомбардира, независно од коалицијата.

Оваа дилема уште еднаш покажува колку е комплицирана ситуацијата во коалицијата чии членки под плаштот на борбата против тероризмот ги следат сопствените интереси, заклучува ерманскиот весник.