недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 14

„Шпигел“: Германија шпионирала институции на „пријателски земји“

Целите кои биле „надгледувани“, според весникот, се бирани според методот на „клучен збор“, а вклучуваат локации како кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, американскиот Стејт департмент, канцелариите на министерот за внатрешни работи на Австрија, Министерството за одбрана на Велика Британија и други.

шпигел

Последни вести

Германската федералана разузнавачка агенција БНД шпионирала „пријателски земји“, меѓу кои и САД и Израел, објави магазинот „Шпигел“.

Целите кои биле „надгледувани“, според весникот, се бирани според методот на „клучен збор“, а вклучуваат локации како кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, американскиот Стејт департмент, канцелариите на министерот за внатрешни работи на Австрија, Министерството за одбрана на Велика Британија и други.

Според извештајот, како што јави диопсникот на МИА од Берлин, иако шефот на БНД, Герхард Шиндлер во 2013 годинна изјави дека шпионирањето на „пријателски нации“ е прекинато, сепак според магазинот, тоа не запрело целосно.

Шпигел тврди дека БНД продолжила да шпионира различни европски институции и компании од воената индустрија, дури и откако беше објавено дека американската Агенција за национална безбедност (НСА) ја користела Германија за да собира податоци за европските корпорации, како „Еурокоптер“ и „Ербас“.

Според извештајот на германската парламентарна комисија, која од есеноска ги истражува наводите за шпионирање на цели во странство и прекршување на законските рамки, БНД ја шпионирала и Програмата за меѓународна контрола на наркотици на ОН, Организацијата на земјите производители на нафта (ОПЕК), ММФ, НАСА и американската авијација.

Најчитани вести