„Шпигeл“: Иванов е еден од најзаслужните во справување со бегалската криза

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, е еден од најзаслужните во справување со бегалската криза, оценува реномираниот германски весник „Шпигел“ во опсежната анализа посветена токму на предизвиците со кои се соочува Европа во однос на ова прашање.

Човекот што е главно одговорен за превенирање на бегалците од Грција да го продолжат својот пат кон север е Ѓорге Иванов, претседателот на Македонија, пишува германски „Шпигел“.

Шпигел во анализата за бегалската криза пренесува изјави од интервјуто направено со македонскиот претседател.

Од својата резиденција во вилата на Водно, во јужниот дел на Скопје, Иванов тврди дека „Македонија ѝ е најблискиот сојузник на Грција”, објавува „Шпигел“.

Затворањето на границата со Грција е само реакција, вели Иванов.

„Шпигeл“: Иванов е еден од најзаслужните во справување со бегалската криза
„Шпигeл“: Иванов е еден од најзаслужните во справување со бегалската криза

Секогаш кога некоја земја на север од нас ќе го ограничи протекот на своите граници, ние го правиме истото, вели тој. Македонија, јасно стави до знаење дека таа може да издржи 2.000 мигранти во исто време да патуваат низ земјата. Македонија можеби не е во ЕУ, но сепак се однесуваме поодговорно од некои земји-членки на ЕУ, изјавил претседателот Иванов во интервјуто  за „Шпигел“.

Тој вели дека не можел повеќе да чека Брисел да донесе одлука, зашто во спротивно Македонија ќе беше преплавена од бегалци.

Во време на криза, секоја земја мора да наоѓа свои сопствени решенија, порачува македонскиот претседател во интервјуто.

„Шпигeл“: Иванов е еден од најзаслужните во справување со бегалската криза
„Шпигeл“: Иванов е еден од најзаслужните во справување со бегалската криза

Зборовите на Иванов се реквием на визијата за една Европа што може да најде заеднички одговори на проблемите со кои поединечните земји не можат да се справат сами, коментира реномираниот  весник.

Но работите изгледаат различно во реалноста. Односите меѓу двете земји се напнати откако Македонија стана независна држава, пред сè затоа што Грција не е спремна да го прифати тоа дека нејзиниот северен сосед има исто име како една од нејзините провинции. Европа е комплициран континент, пишува весникот.

Во написот на „Шпигел“ се анализираат потезите на Брисел во однос на бегалската криза, се пренесуваат ставовите на Германија, на Австрија, на земјите од Вишеградската група, се анализираат состојбите во Грција, а авторите на крајот констатираат дека поради неединството на Европа, на Балканот се раѓа вистинското решение за бегалската криза.