Секс

Спијте голи и ќе бидете посреќни

Спијте голи и ќе бидете посреќни

Тајната на љубовната среќа се крие во голотијата, утврди студијата на американската организација „Котон УСА“ спроведена на 1004 лица. Имено, двојките кои спијат голи се посреќни  од оние кои спијат во пижами.

Дури 57 отсто од нудистите во кревет се задоволни во врската во однос на 48 отсто од оние во пижами, 43 отсто од оние кои носат ноќници односно боксерки и 38 отсто од оние кои спијат во едноделни пижами.Еден од десет луѓе спијат голи, а половина од нив се постари од 55 години.

„Многу фактори влијаат на брачната среќа, но за оние од спалната соба луѓето најчесто прават превид. Постелнината е нежна за кожата и луѓето во неа се чувствуваат удобно и се поотворени за интимност,“ се вели во истражувањето.

Освен изборот на облека, на среќата на врската влијаат и манирите на партнерот во спалната соба. На многу луѓе им пречи што партнерот јаде во креветот, 59 отсто од нив не поднесуваа валкани алишта на под, а една петина не поднесуваат што партнерот носи чорапи во кревет.