„Шпионска“ афера пред натпреварот Шведска- Јужна Кореја

Репреентацијата на Шведска, според некои може да биде потенцијално изненадување на Мундијалот, но според други отсуството на најголемата шведска ѕвеззда, Златан Ибрахимовиќ е голем хендикеп за Скандинавците.
Шведска денеска од 14 часот игра против Јужна Кореја во вториот натпревар од групата „Ф“ во која вчера Мексико го изненади светскиот шампион Германија, победувајќи со 2:0.

Ибрахимовиќ се повлече од меѓународниот фудбал по Евро 2016, а пред почетокот на Светското првенство навести дека би можел да игра во Русија по добрите игри во САД. Сепак, тој во Русија се појави само на промоција на еден од негвоите спонзори.

Јас станав селектор пред речиси две години, по Европското првенство. Златан Ибрахимовиќ, па дури и некои други играчи се одлучија да се повлечат. Јас ја почитував нивната одлука. Златан од тогаш немаше никаков контакт со тимот, вели селекторот Јане Андерсон.

Пред првиот меч на Шведска се појавија обвинувања за „шпионажа на ривалите“.

Многу важно е да се покаже почит кон противниците. Ако некој почуствувал нешто друго од наша страна, се извинуваме, рече Андерсон во соопштението дека скаут на неговиот тим присуствувал на затворениот тренинг на Јужна Кореја.

Сепак, ова не е единствената необична ситуација поврзана со овој натпревар. Тренерот на Јужна Кореја ги промени броевите на дресовите на своите играчи на тренингот за да ги збуни ривалите.

Јас немам никакви трикови. Што се однесува до мојот колега од Јужна Кореја, нека го направи она што мисли дека е потребно, вели Андерсон.