Сплит ќе ја рента Титовата вила за само 50.000 евра месечно

Сплит им ја нуди на хотелиерите Титовата вила под закуп на 30 до 40 години, за 50.000 евра месечно, под услов закупецот да вложи и во нејзина обнова околу 10 милиони евра.

Вилата „Далмација“, која што е во состав на националниот парк Марјан, важела за седиште на комунистичката елита, поради што и денеска се нарекува Титова вила. Со смена на режимот, вилата почнала да пропаѓа, а државниците се’ помалку ја користеле.

Во 1990 година, во таа вила е создадена познатата фотографија на која се Алија Изедбеговиќ, Слободан Млошевиќ и Фрањо Туѓман, кои таму го одржале првиот соостанок за иднината на Југославија.

Вилата е во сопственост на Градот Сплит, а се користи во протоколарни цели. Понекогаш се изнајмува и за раскошни венчавки, но, според надлежните,  носи само загуба. Сега Градот има намера вилата да ја понудат на концесионер, кој ќе вложи барем 10 милиони евра во нејзината обнова.

Вилата „Далмација“ мината година прославуваше 100 години од нејзината изградба. Нејзината вредност, заедно со земјиштето од осум хектари, се проценува на 120 милиони евра.

Конкурсот за избор на концесионер се’ уште не  е распишан, но според неофицијални информаии, Градот од концесионерот, покрај вложувањето во нејзината реконструкција,  ќе бара и околу 50.000 евра месечна закупнина.

12