Сплит: Пијан возел на автопат во спротивен правец

Полицијата во Сплит поднела кривична пријава против 45-годишен возач кој пијан возел на автопат во спротивен правец.

Возачот во неделата навечер со автомобилот „рено клио“ возел во спротивна насока по автопатот помеѓу местата Вучевице и Пргомета.

Во полицијата бил задржан се додека не се отрезнил, соопштиле денеска официјални лица.