СПМ: Шпионажата и насилството се неприфатливи за граѓаните

Наместо да влезе во Собранието на Република Македонија и активно да се вклучи во неговата работа, сведоци сме на брутален обид на насилно уривање а уставниот поредок на државата, организиран од опозицијата и нејзиниот лидер, велат денес од СПМ.

-За граѓаните на Република Македонија се неприфатливи активности на шпионирање, насилство врз највисоките претставници на државните институции и помагање во тоа. Наместо организирано дејствување на опозицијата во Собранието, сведоци сме на нејзино организирано дејствување, злоупотреба на одредени информации по нелегален пат за да се изврши притисок врз претседателот на Владата, со наметнување на барања надвор од законските процедури и формирање техничка Влада, вели Љупчо Димовски од СПМ.