петок, 21 јули 2017  |  Вести денес: 31

Споделете возило, заштедете пари, чувајте ја природата!

Проектот „Сподели возило“ (SocialCar) е истражувачки и иновациски проект кој има за цел да го вклучи системот за споделување возила во постојните системи за јавен превоз со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, заедничките патувања и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи.

vozilo-avtomobil

Поврзани вести

Дали го споделувате своето возило со пријателите или колегите, дали би учествувале во организирана мрежа за споделување возило и што би ве мотивирало да делите возило со други патници – се само дел од прашањата што ќе бидат во фокусот на четвртиот ден од Европската недела на мобилност 2016. Во понеделник во Салата на Советот на Град Скопје во 9 часот ќе биде претставен меѓународниот проект „Сподели возило“, односно SocialCar, во кој учествува Градот Скопје, а чија цел е да се развие јавната свест за заедничко патување низ градот заради намалување на загадувањето на средината и намалување на трошоците.

Проектот „Сподели возило“ (SocialCar) е истражувачки и иновациски проект кој има за цел да го вклучи системот за споделување возила во постојните системи за јавен превоз со помош на софтвери за планирање и интеграција на базите на податоци од јавниот превоз, заедничките патувања и активирањето на граѓаните преку друштвените мрежи.

Проектот на едно место ги обединува компјутерските инженери, експертите од општествените и економските науки, сообраќајните инженери, луѓето кои заеднички патуваат и властите од Италија, Грција, Велика Британија, Луксембург, Полска, Швајцарија, Македонија, Хрватска, Словенија, Холандија, Унгарија, Шпанија и Белгија. Нивната цел е да се осмисли, развие, тестира и да се примени сервис кој на граѓаните од урбаните и приградските средини ќе им го поедностави патувањето.

Со проектот SocialCar ќе се утврди текот на обработката на податоци и ќе се осмисли софтвер кој ќе ги интегрира барањата за патување со понудата на јавно-приватниот превоз. Со сите интегрирани софтверски модули,  SocialCar ќе биде тестиран во 10 европски градови.

Тековните алатки за планирање на патувањaта генерално обезбедуваат информации за повеќе начини на транспорт (автомобил, јавен превоз, велосипед, пешачење), но не и за мултимодални патувања каде што се зема  предвид поврзувањето на повеќе видови превоз. Со цел подобрување на опциите за навремено планирање на патувањето и нивно презентирање на патниците, SocialCar ќе развие систем кој ќе овозможи пристап до повеќе комбинирани опции на јавниот превоз вклучувајќи ги и автомобилите, споделување возило, велосипед, споделување велосипед, пешачење, такси и други услуги.

Целта на „Сподели возило“ (SocialCar) е да ја промени досегашната практика за користење на автомобилот во кој се вози само возачот, да го намали времето на патување и да ја подобри животната средина, како и да придонесе кон целите на EU 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со намалување на сообраќајниот метеж; надминување на тековните практики заедничките патувања да се одвиваат претежно за патувања надвор од урбаните средини;  употреба на зелени системи за

Најчитани вести