четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 0

Сподели возило и намали ги трошоците!

Проектот SocialCar преку своите проектни активности, всушност, ќе помогне во интеграцијата на моделот споделување возило во мрежата за јавен превоз и за приватен превоз. Убеден сум дека станува збор за еден успешен проект кој ќе има бенефит за сите нас, рече градоначалникот Трајановски.

evropska-nedela-na-mobilnost-2016-socialcar-2

Поврзани вести

Денеска во Салата на Советот на Град Скопје се одржа презентацијата на меѓународниот проект „Сподели возило“, односно SocialCar, во кој учествува Градот Скопје, а чија цел е да се развие јавната свест за заедничко патување низ градот заради намалување на загадувањето на средината и намалување на трошоците. На презентацијата на проектот „Сподели возило“ присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

– Европскиот проект SocialCar е финансиран од Програмата за истражување и иновација на Европската Комисија – Хоризонт 2020, па сакам да се заблагодарам на Европската комисија, односно на Извршната агенција за Иновации и вмрежување за грантот за овој проект. Проектот „Сподели возило” е начин за транспорт од една до друга локација преку споделување на нашето возило со нашиот сосед, нашиот колега, луѓето од истата населба, односно организирано заедничко патување во иста насока и време. Со овој проект сите може да дадеме придонес за заштита на животната средина, намалување на загадувањето и сообраќајниот метеж во нашиот град. Проектот SocialCar е промоција на интелигентен транспортен систем, врз основа на иновативен пристап во управувањето со побарувачката за превоз, а особено во однос на услугата сподели возило во урбаните и пери-урбаните средини. Проектот SocialCar треба да развие нова комуникациска мрежа за интелигентна мобилност, размена на информации за споделување возило, интегрирана со постојните системи за превоз и мобилност. Целта на мрежата е таа да биде природно интегрирана во постојните информации во реално време за јавниот превоз и системите за сподели возило, обезбедувајќи ефективен, висококвалитетен и збогатен мултимодален систем за планирање на патувањата. Проектот „Сподели возило“ ќе ја искористи предноста на социјалните медиуми за комуникација, споделување информации и размена на корисни податоци за превозот со помош на иновативни алгоритми со цел да им овозможи најдобри известувања на патниците во реално време. Проектот SocialCar преку своите проектни активности, всушност, ќе помогне во интеграцијата на моделот споделување возило во мрежата за јавен превоз и за приватен превоз. Убеден сум дека станува збор за еден успешен проект кој ќе има бенефит за сите нас –рече  денеска градоначалникот Трајановски.

Василен Изјотов, координатор на проектот, на денешната презентација ги објасни можностите за имплементација на проектот за споделување возило, како и примерите на SocialCar сервисните модели од другите тест градови.

Проектот „Сподели возило“ има почетна цел да го истражи јавното мислење за превоз со заедничко возило. Прашањата што ќе им бидат поставени на граѓаните се: дали го споделувате своето возило со пријателите или со колегите, дали би учествувале во организирана мрежа за споделување возило и што би ве мотивирало да делите возило со други патници? Потоа, треба да се подготви софтвер-апликација за граѓаните лесно, едноставно и во реално време да добиваат информација за оној што споделува возило и за понатамошното вклопување во системот на јавниот превоз.

Најчитани вести