Споменици донација од Украина, фрлени во магацин во Велгошти

Бронзени споменици со религиска симболика, се  фрлени во напуштен магацин на градежната фирма Гранит, во охридско Велгошти, пишува „Вечер“.
За нив, во охридската општина, нема никаков документ, иако според кажувања на дел од вработените во локалната власт, општината ги добила како донација од донатор од Украина уште во 2007 година.

„Новата администрација во општината за спомениците дознала од вработен во секторот за комунален развој кој случајно бил во магацинот и кога ги видел ги фотографирал. Биле поставени на стари гуми од автомобили, легнати на земја. Оттогаш па се до денес траела потрагата по било каков документ за нив, но се испоставило дека пишани траги за донацијата нема“, пишува „Вечер“.
Единствено што се знае е дека спомениците се  донацијата од Украина, но тоа не можеме да го потврди со документ. А, не е јасно и тоа како тогашната власт ги примила без да формира комисија и да ги евидентира сметководствено, велат од општината.

vecer