Според Баросо членството во ЕУ не е далечна иднина за Западен Балкан

Поранешниот претседател на ЕК, Жозе Мануел Баросо изрази увереност дека процесот за проширување на ЕУ ќе продолжи и земјите од Западен балкан ќе станат негови членки многу брзо, пренесе МИА.

– Горд сум од фактот што како претседател на ЕК му предложив на Советот на ЕУ да започне преговори со Србија и Црна Гора, истакна денеска Баросо на меѓународната конференција „ЕУ и Западен балкан 2015-2020“ во Белград, организирана од Институтот за државна политика.

Тој нагласи дека проширувањето на Унијата досега претставувало голем успех и им овозможило просперитет и стабилност на земјите-членки.

– Ако ЕУ не се проширеше кон балтичките земји, Бугарија и Романија, тогаш денес немаше да имаме само една криза како оваа во Украина, туку многу кризи на Стариот континент, додаде Баросо.