недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Според Бејли судството треба да е независно од државата, но не и од САД

Македонија е независна држава, со независни институции и секакво замешателство на странски држави и нивни претставници во работата на македонските институции е неприфатливо.

maxresdefault

Последни вести

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, се дрзна и на мошне дрзок начин во соопштение обзнани дека САД во македонското правосудство има истурено над 55 милиони долари, во ситуација кога од нивна страна постојано ни беше посочувано дека судството треба да биде независно, со свој сопствен буџет, како не би било подложено на евентуално влијание поради финансиската зависност од државата, пишува „Курир“.

Преку своја колумна Дарко Јаневски, главен и одговорен уредник на дневниот весник ,,Дневник”, напиша што мисли тој и македонските граѓани, за обидот на Бејли да се меша во судстовото во Македонија:

-Не знам чија идеја била последното соопштение на американската амбасада во РМ за тоа дека на македонската трета власт во последните 15 години потрошиле 55 милиони долари, ама ако со тоа сакаше да се докаже дека не се мешаат во работата на судовите, туку ја помагаат нивната независност, направена е прилично голема грешка. Зашто ние носевме едночудо закони со кои формиравме самостоен судски буџет, демек за да не зависеле судовите од давам-не давам пари од Владата, па го избркавме министерот за правда од Судскиот совет зашто некој кажал дека тоа е мешање на извршната во судската власт, па измисливме судиите и обвинителите сами да си се избираат (освен Kатица Јанева, која ја избираат политичките партии по налог од амбасадорите), формиравме Академија за судии и обвинители, с` со цел да нема влијание на извршната власт врз независното судство и да се зголеми нивото на професионалност. Kога ете ти признание дека некоја друга влада си ги имала на платен список и судиите и обвинителите и адвокатите. Па нашата влада мора да стои настрана од нив, ама не и американската. И, сега, оди па убеди некого од останатите два милиона во оваа држава кои ја немаат таа тезга дека САД не ни ги контролираат судиите и обвинителите и дека тие се независни. Ваков убав автогол ретко се среќава. Браво, момци! Дури и гафовите на Заев ги надминавте.

vankovska-fb-bejli

Една од најбурните реакции сепак уследи од универзитетската професорка Билјана Ванковска, која преку свој фејсбук статус, му порача на Бејли, повеќе да се грижи за американската полиција и правосудство, па така можеби би ја спречил американската полиција да пука во своите граѓани како во пилци.

-Во најновата колумна, Горан Михајловски пишува: „Амбасадорот на САД Џес Бејли соопшти дека за последните 15 години, од американскиот буџет се потрошиле 55 милиони долари за реформи на судството и полицијата во Македонија. „Над 600 судии, 300 јавни обвинители, 150 правобранители и над 2.000 полициски службеници имаат корист од оваа помош“, соопшти Бејли. … Да знаат даночните обврзници во САД како се потрошиле нивните пари за таму некој стратешки партнер, верувам дека би биле многу лути. Ај нив да ги сфатиш, ако не знаат. Ама ние што знаеме, зошто ние не се лутиме како се трошат нашите пари?“ Горан се чини не гледа вести од САД, инаку ќе знаеше дека Американците не се лути, туку ГНЕВНИ – ете, дури и убија неколкумина полицајци во знак на освета. Кој знае, можеби Бејли навистина треба да се заложи парите да си ги вложат дома, во американската полиција која нема да пука по луѓе како во пилци. Таму и обичните полицајци се поопасни по живот од нашите специјалци. Да не даде господ да ни ги навежбаат според нивните стандарди, напиша професорката.

Во колумна за дневниот весник „Дневник“ свој став и мислење за Бејли и неговата желба за контрола врз македонското судство од страна на САД, напиша и новинарката Ирена Радовановиќ.

-Kога ја чита човек изјавата на американскиот амбасадор Џес Бејли дека САД не се меша во внатрешните работи во Македонија, а обвинувањата дека Американците стојат зад „обоената револуција“ ги сместува во „теории на заговор“, ги препрочитува уште еднаш неговите зборови за да се увери дека токму така пишува.

Дополнително таа посочува она што на македонската јавност одамна и е јасно, дека САД преку УСАИД и Сорос, ја произвеле македонската „Шарена револуција“, која два  месеци како мала хулиганска група дивееше низ центарот на Скопје уништувајќи јавен имот.

-Не само што се меша во внатрешните работи во државата, туку неговиот збор е заповед за нашите политичари. А дали САД стојат или не стојат зад „шарената револуција“, никој не очекува од него директно признание. Никој не очекува од Бејли да кажа, „да, ние го симнуваме диктаторот со помош на револуционери“. Доволно е само да се погледнат финансиерите на „шарените“, а тоа се УСАИД и Сорос, за да се заклучи од каде дува ветрот на промените.

nonkovik-bejli

Дополнителни реакции уследија и за интервјуто на Бејли во Утрински весник, каде се чита истиот став и дрскост кон Македонија, македонските граѓани и институции.

Новинарот и известувач од Брисел, Бобан Нонковиќ, за интервјуто на Бејли во Утрински на својот Фејсбук профил напиша:

-Губернаторот ни порача: “Мора да ви ги пикнеме Груевски и целото водство на ВМРО во затвор, па потоа, можеби, нема целосно да ви ја изгориме државата!”

Македонија е независна држава, со независни институции и секакво замешателство на странски држави и нивни претставници во работата на македонските институции е неприфатливо, особено ако се земе во предвид дека ни САД, ни било која друга држава не би сакала амбасадори на други држави да делат правда и да одлучуваат  како треба нивите државни органи да одлучуваат.

Најчитани вести