Според Борјан Јовановски, во Македонија не живеат Македонци, туку Словени

Опозицискиот новинар Борјан Јовановски во изјава за „Ал Џезира“ ја потврдува тезата на оваа арапска телевизија дека во Македонија живее албанско муслиманско малцинство и проавославни Словени.

Јовановски лично за Ал Џезира изјави дека во Македонија не живеат Македонци, туку Словени.

-Создадоа голема поделба меѓу македонското население.  Ние сме дел од тоа население и ние и натаму ќе продолжиме да  бидеме Словени. Меѓутоа, постои и друг дел од населението кои изненадно станаа Антички Македонци, рече Јовановски.

Ваквите изјави на Јовановски беа емитувани во емисијата на арпаската телевизија која изобилуваше со антимакедонска пропаганда, помогната од СДСМ и платениците на Соросовата фондација во земјава. Во 25 минутното видео телевизијата упати низа навреди кон Македонија и македонскиот народ. Во целата приказна, главни ликови кои ги поткрепуваа неоснованите напади на арапската тееквизија беа Радмила Шекеринска и луѓе блиски до СОРОС.