Според Ципрас нема несогласување помеѓу Грција и ЕУ

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека не гледа несогалсување меѓу Грција и Европа, откако Атина им ја претстави на своите кредитори листата со реформи во напорите да ги обезбеди потребните финансии, пренесува МИА.

Левата Влада на Ципрас се согласи во февруари да ја продолжи спасувачката програма во вредност од 240 милијарди евра, а во замена Атина треба да спроведе серија реформи за да го избегне банкротот. Според проценките финансиите на земјата ќе се истрошат до 20 април, доколку таа не обезбеди нови средства.

– Проблемот со ликвидноста секако дека ја отежнува ситуацијата, но јас сметам дека тоа ќе биде решено веднаш откако ќе се постигне спогодба за реформи, рече Ципрас во интервју за весникот „Рил њуз“.

На прашањето дали разидување или решение со партнерите на Грција Ципрас одговори: „Моето мислење отсекогаш било исто, искоренување на корупцијата, решение со Европа“.