Според Лам, Баерн (М) е поголем фаворит од Барселона

Капитенот на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), Филип Лам е убеден дека каталонскиот гигант Барселона повеќе не важи за прв фаворит кога е во прашање пехарот во најтрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.
“Јас искрено се надевам дека го имаме тоа што е потребно за да ја осбраниме титулата во Лигата на шампиони. Сепак, во игра се неколку тима кои можат да слават во Лигата на шампиони. Во изминатите неколку сезони, секогаш Барселона важеше за прв фаворит кога е во прашање победничкиот пехар. Така не е и оваа година, сега Баерн (М) е бранител на тронот, Баерн (М) е прв фаворит. Ќе повторам, нема сигурен фаворит, Реал (М) е сериозен противник, тука е Барселона, Манчестер С., Манчестер Ј., Челзи….”, изјави репрезентативецот на Германија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.