Победата на Кајмакоски на Скопски фестивал е чиста

Праќачите на пораките за гласање на „Скопски фестивал“ од спорните СИМ- картички се согласиле да сведочат, објави „Сител“ повикувајќи се на извори во МВР.

Според објавената информација, фестивалот бил местен за двајца ексклузивци на осомничената продукција. Победата на Даниел Кајмакоски не е предмет на истрага, а чисти биле и другите наградени.

Четири лица се осомничени за злосторничко здружување и за компјутерска измама во врска со резултатите од „Скопскиот фестивал“ за избор на песна за „Евровизија“.

Преку СИМ-картички и телефонски апарати, четворицата првоосомничени имале цел да испратат поголем број СМС и на тој начин да влијаат на резултатите од гласањето, но и на конечниот резултат. Осомничените се на возраст од 26 до 56 години од Скопје и меѓу нив се сопственик на продукциска куќа, автор и композитор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.