Спорт

Според новинарите, Вардар е втор најдобар тим во Европа

Според новинарите, Вардар е втор најдобар тим во Европа
Вардар втор најдобар тим според досега прикажаното во Лигата на шампионите

Пет новинари и коментатори имаа задача да дадат свое лично рангирање на најдобрите 10 екипи во досегашните шест кола во Лигата на шампионите и се согласија дека најдобар е Веспрем, а второ место е Вардар.

Според Том О’Бранаган (Ирска), Петер Брун (Данска), Немања Савиќ (Србија), Кевин Домас (Франција) и Бјорн Пацен (Германија) Вардар ги надмина очекувањата од претсезоната, кога беше проценет како четврта најсилна екипа во Европа, врз основа на резултатите од подготвителните натпревари. Ако продолжи во оваа форма, Вардар може да игра на фајналфорот во Келн, пишува ЕХФ.

Изненадувачки, не е ниту шампионот Барселона, ниту Кјелце, ниту Рајн-Некар тимот кој води во групата Б, туку македонскиот првак Вардар. По киксот во Колдинг, ‘империјата го возврати ударот’ победувајќи го Кјелце доминантно, со 10 разлика. Вардар покажа импресивни натпревари и во моментов е воигран и добро балансиран, а тоа е резултат на работата на тренерот Раул Гонзалес и на паметните трансфери како Хорхе Македа и Александр Деревен. Сонот за пласман на фајналфор-турнирот во Келн може да се оствари за македонската екипа, ако ја одржи оваа форма, вели краткиот опис за македонскиот шампион.

Пред Вардар е само Веспрем, трет е ПСЖ, а на четвртото место е најголемото изненадување досега во Лигата на шампионите, Кристијанштад.

Изненадување во ова рангирање е и Ла Риоха, која е на осмо место и е единствената екипа во ова елитно рангирање која доаѓа од послабата половина на ЛШ, групите Ц и Д. Најголемо разочарување е Барселона, европскиот првак, кој е дури десетти.

1. Веспрем 2. Вардар 3. ПСЖ 4. Кристијанштад 5. Кил 6. ППД Загреб 7. Фленсбург 8. Ла Риоха 9. Рајн-Некар 10. Барселона.

Извор: Спортмедиа.мк